Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втора ноќ камп пред Влада

Втора ноќ камп пред Влада

И додека владеачката партија слави  на митингот пред Собрание, пред Владата во Скопје кампуваат демонстрантите кои се таму од вчера .

И оваа ноќ, втора по ред тие решителни остануваат да спијат под ведро нево во шаторите.

Демонстрантите засега се одлучни. Нема лесно да си заминат од пред Влада.

-Подготвени сме овде да останеме до крај. Се додека не падне оваа Влада, сакаме подобра иднина за нашите деца, вели еден граѓанин.

Нивното барање е повлекување на Премиерот Груевски и цела влада.

Заедно со нив таму е и опозицискиот лидер кој ноќеска заминува за Стразбур , каде заедно со премиерот Никола Груевски ќе имаат средба со еврокомесарот Хан.

Во кампот се организира базар, турнир во шах, а пред импровизираната бина ди- џеј пушта музика од различни жанрови. Вечерва најавуваат и трибина од која на присутните ќе им се обрати Радмила Шеќеринска, потпреседател на СДСМ и неколку граѓански активисти.

За вечер е предвидена и проекција на филм од режисерот Белини.

Слично

Поврзани вести