ВТОР СЛУЧАЈ: Најдена е дрога во море
Хрватската полиција соопштила дека изминатите денови во морето кај Вис и Хвар e пронајдена значителна количина марихуана. На јужната страна од Хвар вчера се пронајдени два пакета со марихуана, потопени во морската вода, со вкупна тежина од 160 килограми.
На јужната страна од Вис во петокот се пронајдени уште два пакета со тежина од 25 килограми. Полицијата ја запленила дрогата и го известила Државното обвинителство. Почната е истрага, пренесе Индекс.хр.
Во морето кај хрватскиот град Дубровник на 17 месецов беа најдени пакети полни со марихуана.
Слично
