Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор случај на индискиот сој во Грција: Станува збор за нова поотпорна мутација

Втор случај на индискиот сој во Грција: Станува збор за нова поотпорна мутација

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) денеска соопшти дека во земјата е потврден втор случај на сојот Β.1.617.1 што преовладува во Индија.

Првиот случај на индиската мутација беше потврдена во петокот во градот Патра, а вториот е во Атина, откриен при рапид тестовите што ги спроведуваат мобилните единици на ЕОДИ.

Станува збор за 33-годишна жена, странски државјани, која живее во Атина, а на 4 април се вратила од Дубаи со негативен ПЦР тест направен пред заминувањето.

По пристигнувањето во Грција се појавиле првите симптоми, но не било потребна хоспитализација, а во тек е проверка на контактите на жената.

Вчера беше соопштено дека индискиот сој на коронавирусот стасал и во Швајцарија а го има и во Франција и Белгија и други европски земји. Во Индија на секои 4 минути умира по еден човек а земјата е во хаос. Крематориумите немаат празни места.

Нема многу детали за овој мутант но се смета дека е попренслив и не реагира на досегашните вакцини. 

Слично

Поврзани вести