Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор најголем град во Македонија, а потрошил само 10.000 за туристичка промоција

Втор најголем град во Македонија, а потрошил само 10.000 за туристичка промоција

Вториот најголем град во Македонија и некогаш конзулски центар - Битола, минатата година потрошил само 10.000 евра за туристичка промоција на ова населено место, иако постоела можност да се инвестира многу повеќе, објави Нова Македонија.

Според податоците изнесени во информацијата од Советот на општината, Битола во минатата година за промоција на градот, како туристичка дестинација и изградба на разни инфраструктурни проекти, планирала да потроши три милиони денари, или нешто помалку од 50.000 евра. Иако кога се во прашање вложувањата во развојот на туризмот и овие средства се смешни, градот под Пелистер во минатата година за развојот на туризмот потрошил само 694.000 денари, или нешто повеќе од 10.000 евра. Најголемиот дел од средствата, или 600.000 денари биле потрошени за промотивни активности, а другите 94.388 денари за инфраструктурни проекти.
Тоа што од вкупно предвидените три милиони денари дури 2,3 милиони останале неискористени, не е резултат на „штедливоста“ на општинското раководство.

Упатените велат дека тоа е резултат пред сѐ на незнаењето како и на кој начин да се промовира Битола како туристички град и на немањето стратегија за развој на туризмот на градот. За тоа најдобро зборува фактот што деновиве токму Битола беше посочена како град што ја пропуштил можноста да аплицира за користење средства од меѓународни проекти за развој на туризмот, кои изнесувале над 1,5 милион евра.


Слично

Поврзани вести