Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор месец по ред голем број на работници со плата помала од минималната

Втор месец по ред голем број на работници со плата помала од минималната

Според податоците од Управата за јавни приходи на 13.444 работници на сметките им пристигнала плата која е под минималната од 18.000 денари. Станува збор за втор месец откако законски беше зголемен минималецот за околу 3.000 денари.

Од нив најголемиот дел или 11.437 се во приватниот, а 2.007 лицата се во јавниот сектор. Од УЈП велчат дека работодавачи побрзале да им ги доисплатат парите до минималната плата, за да не платат казни. Деновиве ќе биде известен и Државниот инспекторат за труд.

Трудовиот инспекторат ќе ги преземе и конечните анализи од УЈП, по што ќе постапат. Казните за фирмите има, но пред да се дојде до нив фирмите се опоменуваат.



Слично

Поврзани вести