Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВТОР КВАРТАЛ: Македонската економија порасна за 4,3%

ВТОР КВАРТАЛ: Македонската економија порасна за 4,3%
Растот на македонската економија во вториот квартал од годинава изнесува 4,3%, што е повисок раст од оној остварен во минатиот квартал и кој изнесуваше 3,5%. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем двигател на растот е личната потрошувачка и инвестициите. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на  домаќинствата, во второто тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2.5%, а нејзиното учество во  струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 73.7%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.2%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10.7%. По сектори, најголем пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 5.0% и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 4.1%.
Слично

Поврзани вести