Втор ден Велигден – неработен ден во Македонија
И денешниот ден е неработен ден во Македонија, како втор ден на кој се слави Христовото Воскресение - Велигден. Во црквите низ Македонија и денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Црковната традиција за тридневно одбележувањето на воскресението потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници.
Според Законот за празници во Македонија, државни празници се првиот и вториот ден на Велигден, додека за верниците од православна вероисповед неработен е и Велики Петок. Новата работна седмица започнува од утре.
Слично
