Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор ден штрајк на рударите во Тораница и Добрево

Втор ден штрајк на рударите во Тораница и Добрево

Околу 1000 рудари со полна опрема, веќе втор ден штрајкуваат на рудниците за олово и цинк Тораница во Крива Паланка и Добрево во Пробиштип. Бараат под итно да им се исплати платата за јануари, по што ќе се вратат на своите работни места во рудниците. Според синдикатот, на четврти март им било исплатено авансно по 5000 денари за јануарската плата, пренесува Ирис.мк.

Според овој медиуми тие побарале целосно да им се исплати платата, како услов да се вратат на работа. Денеска по преговорите им било соопштено дека раководството може да исплати ист износ за сите до минималната плата. Од гранковиот синдикат велат дека по преговорите рударите цврсто стојат на ставот дека додека не им се исплати платата нема да влезат во јамите. Рударите пак велат дека покрај тоа што немаат плата, немаат ниту здравствено осигурување за тековниот месец, што е голем проблем не само за нив туку и за нивните деца. Од Агенцијата за односи за јавност на индиската фирма Индо минерали и метали кој е сопственик на рудниците Тораница и Добрево велат е одлична соработката меѓу рударите и раководството, а веќе и предложиле и динамика на исплата на парите. Двата рудника и до сега имаа проблеми со исплатата. По прекинот на работата пред осум месеци, синдикатот и раководството се договорија до крајот на годината да се надоместат сите заостанати плати. Договорот се почитуваше со завршувањето на минатата година.
Слично

Поврзани вести