Втор ден протести пред Уставен суд
Граѓаните и денеска протестираа пред Уставниот суд, поради на неговата одлука да да прифати да ја разгледува иницијативата за измени на Законот за помилување, со која повторно му се дава право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.
Со свирежи и фрлање јајца по фасадата на судот присутните го искажаја својот револт и најавија дека ќе продолжат со протестите.
Од граѓанската платформа АЈДЕ! која повика на протести, велат дека Уставниот суд застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори, па во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за уставноста на измените на Законот за помилување.
Инаку, иницијативата за амнестирање на лица инволвирани во изборни нерегуларности е покрената од младиот охридски адвокат Ристо Китески, кој работи во адвокатска канцеларија на адвокатот Љупчо Наумовски, бранител на осомничени лица во случајот „Титаник“.
