Втор ден протест пред Влада, граѓаните бараат оставки
Група граѓани и вечерва се собраа пред Владата за да бараат одговорност од надлежните за послените случувања во македонското здравство и сообраќај.
Револтирарни, демонстрантите бараат оставки од цела Влада, а особено од министерот за здравство Никола Тодоров, поради „сериските убиства" во болниците.
„ Повод беа неколкуте смртни случаи во здравствените домови и на улиците. Ова се случува како директна или индиректна последица од неодговорност или нефункционален систем во оваа држава и надлежните не прават ништо за да го променат тоа. Политичките елити кои имаат моќ си прават скриени муабети зад затворени врати на полноќ и не се слуша гласот на обичниот народ. Ние не можеме да направиме ништо друго, освен да се појавиме на протест, каков таков" - вели Никола Штерјов од левичарското движење „Солидарност“.
Демонстрантите скандираа пред Владата „Оставка", “Убијци", „Никола оди си“ и ги повикаа граѓаните да излезат и да го покажат своето незадоволство на улица, а не на социјалните мрежи преку лајкови.
