Втор ден камп – втора средба: Средношколците на својот став, МОН спремни за преговарање
Денес е вториот ден од кампувањето на средношколците пред МОН.
Претставници од Средношколскиот фронт беа повторно на средба во ресорното министерство.
И по втората средба не беше постигнат финален компромис и не беа усвоени барањата на гимназијалците со што бојкотот на средношколците ќе продолжи до официјална објава за постигнат компромис.
Тие бараат враќање на стариот концепт на државна матура и ставање на екстерното тестирање во мирување.
Преговорите како и одржувањето на средношколскиот фронт и бојкотот на наставата во средните училишта продолжува во наредните денови.
Во знак на револт од игнорирањето на надлежниот средношколците синоќа спиеја во шатори пред МОН и велат дека таму ќе останат се додека не биде слушнат нивниот глас.
Од МОН секојдневно апелираат родителите да си ги приберат децата дома и да се вратат во училишните клупи, додека родителите им даваат целосна поддршка на децата и велат дека притисоците врз нис растат.
Закажан е генерален пленум во 15:00 на средношколскиот фронт!
