Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор црн ден за Хитринo, гас истекува од цистерните

Втор црн ден за Хитринo, гас истекува од цистерните

Вонредна состојба е прогласена денеска во шуменското село Хитринo во Бугарија, по експлозија вчера во која загинаа 7 лица, а 29 се во болница, од кои шестмина се во критична состојба.

Заради истекување на гас и висок ризик процесот на пренесување на опасни супстанции, кој е сложен и опасен, е одложен. Се очекуваше тој да трае најмалку 48 часа. Вкупно 12 цистерни се уништени од кои  9 полни со пропилен, и 3 со пропан-бутан. Секоја од нив е со капацитет од 40 тони. Дополнително утринава има истекување на гас од уште две од цистерните, посочи министерот за внатрешни работи во оставка Румјана Бочварова по седницата на кризниот штаб.

Операцијата е исклучително ризична, бидејќи при сечењето на пукнати цистерни не треба да излегуваат искри, за да не се запалат опасните материи. Затоа тие ќе бидат замрзнати.


Слично

Поврзани вести