Врвот на ВМРО-ДПМНЕ одложи да сведочи за скандалот со прислушувањето
Откако вчера премиерот Никола Груевски не се појави на сведочење пред Анкетната комисија, поради други работни обврски, денеска сведочењето го одложија и министерот за финансии Зоран Ставревски и советникот на премиерот Мартин Протуѓер.
Претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов соопшти дека Протуѓер, ниту усно, ниту писмено не се изјаснил дали ќе може да присуствува, исто како и Сашо Мијалков кој утре треба да сведочи. Одговор нема ниту од Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, додека Ставрески, иако надвор од предвидениоот рок, сепак известил дека ќе може да се појави на 17 декември.
Од ВМРО- ДПМНЕ пак, побараа се додека не се сослуша првиот сведок Никола Груевски, Комисијата да не повикува други сведоци.
Тие бараат до 14 декември да имаат можност за координација со членовите кои ќе ги испрашуваат сведоците за скандалот со прислушувањето, за усогласување на прашањата.
Инаку, според деловникот за работа на комисијата, сведочењето за прислушувањето треба да заврши до 22 јануари.