Вртелешка од 160.000 евра на плоштадот во Скопје
Од јануари граѓаните ќе можат да се возат на вртелешка која ќе биде поставена пред зградата на МЕПСО на плоштадот Македонија, објавува вест. Според информациите на весникот, фирмата Технометал Вардар со која ЈП Паркови и зеленило склучиле договор, вртелешката треба да ја донесе од Италија, а дотогаш треба да биде направена платформата на која таа ќе стои.
-Платформата и покривот ќе бидат со дијаметар од 9 метри, бидејќи каруселот е со дијаметар од 7 метри. Цената на картата сеуште не е одредена, тоа ќе го договриме откако каруселот ќе пристигне во земјава“ - објаснуваат од Паркови и зеленило за весникот Вест.
Според Вест вртелешката која ќе се постави на плоштадот ќе чини 160.000 евра ќе има декоративен венец, дрвена ротирачка платформа и најмалку 32 седишта, а фигурите ќе бидат пони коњчиња, кочии и ротирачки чаши, проектот ќе се финансира од буџетот на Град Скопје.
Слично
