Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врие од фалсификати на класичните автомобили на пазарот

Врие од фалсификати на класичните автомобили на пазарот
Во 1930-те британскиот производител на спортски автомобили  MG произведува точно 33 парчиња од моделот K3. Ако сакате денес да си купите еден од нив може да избирате помеѓу над 100 примероци. Не, веќе непосточекта компанија не го возобновила производството. Тројно поголемиот број на K3 на пазарот е дел од трговијата која цвета со фалсификувани автомобили на сметка на цената која постојано расте, тврди Бернард Калуза, потпретседател на меѓународниот клуб за класични автомобили FIVA. "Во 1990-те пронаоѓав по еден фалсификуван автомобил на секои пет години", објаснува Норберт Шродер кој ги проверува класичните автомобили во TUV Rheinland во Германија. "Сега наоѓам пет фалсификувани ". Класичните автомобили се се по барани, особено по финансиската криза. Цените на пазарот им пораснаа над седум пати во изминатите 10 години покажуваат податоците на Historica Selecta. Британската аукциска куќа Bonhams, која тврди дека глобалната продажба е за над 1 милијарда долари годишно, продаде Mercedes-Benz од 1954 г., кој учествувал на Формула 1, за 19,6 милиони фунти во Јули, поставувајки светски рекорд. " Луѓето со многу пари претпочитаат да имаат класичен автомобил во својата гаража, отколку пари на банкарската сметка", тврди Адолфо Орси, претседател на Historica Selecta. " Кога има многу пари има и фалсификати. Во денешниот свет е можно да се фалсификува се". Според експертите, внимателните фалсификатори купуваат стари навртки и подлоги, а фалсификуваните рамки ги оставаат надвор, за да постигнат ефект на стар автомобил и ги копираат деловите кои се потешко се откирваат. Според Калуза има случаи во кои фалсификаторите успеале да откупат старо кино во Франција за да ја земат износената стара кожа од седиштата. " Луѓето кои фалсификуваат автомобили не се неколку сами волци", вели Шродер од TUV. "Тоа е организиран криминал затоа што конструирањето на такви автомобили е скапо и за да се напарви е потребна добра инфраструктура". Во исто време докажувањето на автентичноста на автомобилите не е лесна работа. Сајмон Кидстон кој е консултант за класични автомобили во Женева добил предлог да купи тркачка Alfa Romeo Giulia TZ од 1960-те од продавач, кои тврдел дека ја открил на депонија за автомобили во Италија. Откако се консултирал со многумина експерти, Кидстон успеал да открие слика на автомобил со ист идентификационен број која била учесник во тешка катастрофа во автомобилско натпреварување во 1964 година.  "Беше очигледно дека од оригиналниот автомобил нема останато ништо", вели Кидстон,  кој ја одбил понудата. Има и подобри измами, како што  е например случајот во кои автентично старо Porsche 911 било променето во спортска верзија бидејки така цената можела да достигне четири пати по висока цена. Некои земаат оригинални делови и од нив прават автомобили, што многу ја разводнува границата помеѓу реставрираните и фалсификуваните модели. Има и навистина верни копии на класичните автомобили, чии продавачи кои не се обидуваат да ги измамат купците. "Играта со репликите не е нечесна", тврди Мартин Емисон, адвокат од Goodman Derrick LLP во Лондон. "Тоа им овозможува на луѓето како мене кои не можат да си дозволат да возат вистински, да имаат машина која ќе изгледа исто како оригиналот". Степенот на измами при калсичните автомобили е тежок за востановување, но и многу мал дел од жртвите откриваат дека се жртви на таква измама. И покрај тоа, за да ги отстраната лошите последици за пазарот од  FIVA создадоа пасош за античките автомобили за да се подобри квалитетот и да не можат купувачите да бидат измамени.   K.K
Слично

Поврзани вести