Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВРИЕ“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Како го поминав летниот распуст - никој не треба да го интересира

„ВРИЕ“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Како го поминав летниот распуст - никој не треба да го интересира

На стартот на новата училишна година, повеќето ученици како прва задача добиваат состав на тема „Како го поминав летниот распуст". 

Така, писмената задача на еден основец стана хит на социјалните мрежи.

„Како го поминав летниот распуст - никој не треба да го интересира. Ова е моја лична работа, како што е и летото - мое лично време за одмор и не морам за тоа да поднесувам извештај во овој состав.

Треба да се почитуваат човековите права! Доколку добијам единица за ова, тогаш драга моја наставничка, се гледаме на Судот за човекови права во Стразбур.

Ќе добиете повик од нив, а јас веќе ќе бидам таму во врска со друга работа која е исто така моја лична работа и никој не треба да го интересира",- стои во текстот. 

Овој текст  ги насмеа корисниците на социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести