Економија, финансии, бизнис

Контакт

Времето нема да им биде наклонето на првомајските излетници

Времето нема да им биде наклонето на првомајските излетници

Времето денеска нема да им биде наклонето на првомајските излетници, затоа што се очекуваат  врнежи од дожд.

Ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди.  Попладне почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Во вечерните часови врнежите ќе се прошрат и во источните делови. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и источните делови умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Врнежи од дожд ќе има и утре, при што ќе бидат поинтензивни попладне и во текот на ноќта кон вторник. Локално се очекува да наврнат повеќе од  50л/м2.

Слично

Поврзани вести