Времето не се погоди за „Појадок на мост“, ама редици пак има
Традиционалната манифестација „Појадок на мост“ се одржува денеска по петти пат, на двата моста во центарот на Скопје - Камениот мост и мостот „Око“.
Појадокот се одржува од 9 до 11 часот, а на него присуствува и градоначалникот Коце Трајановски.
Манифестацијата не беше откажана и покрај неповолните временски услови најавени за викендот, па организаторите се надеваат дека иако времето во Скопје е облачно, нема да има дожд додека трае појадокот.
„Појадок на мост“ е под покровителство на Град Скопје, во организација на Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.
На годинешниот појадок ќе има бесплатно јадење за 2.700 граѓани, но и за 200 туристи кои сакаат да ја посетат манифестацијата. Од утрово тие во редици очекуваа да започне манифестацијата.
ФОТО: А1он
ФОТО: А1он
Слично
