Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕТО МИНЕ, „ФАНТОМИТЕ“ СЛАБО СЕ ПРИЈАВУВААТ: Помалку од 1000 спорни гласачи се јавиле во ДИК

ВРЕМЕТО МИНЕ, „ФАНТОМИТЕ“ СЛАБО СЕ ПРИЈАВУВААТ: Помалку од 1000 спорни гласачи се јавиле во ДИК

Одѕивот на фантомските гласачи кои во ДИК треба да се јават и да го докажат својот идентитет со што ќе имаат право на глас теќе бавно.

Заклучно со вчера бројот на спорни гласачи кои побараа Државната изборна комисија да ги тргне од листата спорни гласачи е нешто помал од 1000.

Речиси 40 илјади граѓани треба да појдат во ДИК за да бидат запишани во избирачкиот список и да можат да го остварат своето гласачко право.

Доколку спорните гласачи  не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише.  Станува збор за околу 39.502 гласачи.

„ДИК да го повлече списокот на спорни гласачи“!

Колку граѓаните кои се најдоа на списокот со спорни записи се реално спорни, а колку резултат на некомпатибилни основи за вкрстување на податоците е прашање кое деновиве го отворија незадоволните граѓани и  невладиниот сектор. Бројката на оние кои преку канцелариите на ДИК или по електронски пат го докажале своето гласачко право е мала, но големо е незадовоството и револтот кај многумина кои со години живеат на иста адреса и нивното име фигурира во сите бази на податоци. Моделот на прочистување на списокот што го договорија партиите засега не ветува дека ќе се врати довербата во него, туку е обид да  се дефокусира вниманието од вистинските фиктивни гласачи, вели за Фактор, Орхан Муртезани, претседател на Центарот за Демократија и Развој. Според него сеуште е нејасно по која методологија и врз кои критериуми ДИК  го состави овој список на спорни гласачи, па оттука бришењето на гласачите ќе значи лишување од уставно загарантираното право на глас.“Иако првичниот став беше дека станува збор за граѓани кои живеат и работат во странство, секој ден има стотина случаи кога револтирани граѓани изразуваат незадоволство дека се опфатени во овој список, иако никогаш не живееле во странство. Ако го додaдеме  и фактот дека за пријавување на скоро 40 000 гласачи дадени се само дваесетина дена за да се пријават, фактот дека се наоѓаме во период на годишни одмори со што дополнително се усложнува работата, плус фактот дека на списокот се најдени комплетни фамилии на раководни лица од поновите албански опозициски партии, ние сме уверени дека станува збор за обид за лишување на правото на глас”- вели Муртезани.

Слично

Поврзани вести