ВРЕМЕТО ГАЗИ-ОПТИМИЗАМ НЕМА: Медиумите сѐуште камен на сопнување за работните групи
И покрај тоа што тареја до доцна после полноќ, претставниците на работните групи ниту малку не ги приближија ставовите за регулацијата на медиумите-точка чиј рок е пробиен одамна и е дел од договорот од Пржино.
И покрај многу негодувања, посредникот Питер Ванхауте по завршувањето на средбата истакна дека засега нема договор и дека разговорите продолжуваат денеска.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/peter_vanhoutte/status/699757328862728192[/embed]
Пред почетокот на средбата медијаторот Ванхауте порача дека времето гази а оптимизмот за решение е на ниско ниво.
„Нема ниту време, ниту пак оптимизам, изјави“, Ванхауте.
Дел од разговорите на синоќешната работна средба беа и амбасадорите Орав и Бејли.
Слично
