Времето денес: Облачно, студено и врнежливо
Денес повторно ќе имаме облачно и врнежливо време што особено ќе се почуствува со падот на температурите па затоа редно е да ја извадите есенската облека.
Врнежите повторно ќе бидат позачестени во западните и јужните делови, каде локално, особено на планинските места може да се очекуваат количини над 30 литри на метар квадратен. Послаби и проретчени врнежи очекуваме во источната половина од земјата. Во овој крај поврнежливо ќе биде попладне.
Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 3. Утринската температура ќе се движи од 12 до 17, а дневната температура на воздухот ќе биде во интервалот од 16 до 22 степени.
Скопје ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе бидат послаби. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 19 степени.
Слично
