Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА за оваа работна недела-Снег или затоплување?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА за оваа работна недела-Снег или затоплување?

Од утре па натака не очекува постепено затоплување на времето и разведрување.

Во вторник утрото е можен слаб снег на високите места во крајниот источен предел, и на планните ширум земјава, но од пладне се очекува разведрување.

Во среда исто така денот ќе биде променлив со тежнење кон разведрување во текот на вечерните часови.

Во четврточното утро метеопролозите најавуваат појава на магла во утринските часови, која ќе биде забележлива до претпладне а после тоа се очекува да исчезне, додека петок ќе ни донесе претежно сончево и суво време.

Што се однесува до температурата во вторник ќе се движи во утинските часови од -2°С до -6°С а на повисоките места околу -8°С, додека во среда не чека малку постудено време.

Во четвртокот пак ќе имаме за нијанса потопло утро со минимална вредност на температурата околу -2°С, додека пак во петок ќе биде потопло во однос на четврток за околу 2°С.

Вредноста на максималната температура ќе биде во постојан благ пораст во вторник и до 7°С максимум ќе стигне во  југоисточниот крај, а низ котлините од 2°С до 5°С

Среда, потопла од вторник за околу 3°С, додека во четврток ќе има вредност помеѓу 6°С и 9°С и до 13°С ќе стигне на југоисток.

И последниот работен ден , петок оваа недела ќе има слична максимална температура како во четврток.

Слично

Поврзани вести