Временска Прогноза за оваа работна недела
Четирите работни дена од оваа работна недела ги започнуваме со врнежлив вторник. Среда ќе биде облачен и ветровит ден. Услови за сосема слаб дожд ќе има повремено во текот на денот, пред се во западниот и северниот регион од земјата.
Се очекува умерен ветер од северен и северозападен правец во поголем дел од денот, според информациите на метеопро.
Максималната температура во северниот и западниот регион ќе има вредност од 14°С до 16°С, а на југоисток околу 18°С.
Ветровито ќе биде и во четврток. Повторно се очекува умерен северен ветер. Но, четврток ќе биде посончев ден и потопол ден. Очекуваме подолги сончеви периоди, особено попладне. Во однос на среда, четврток ќе биде потопол за околу 3°С.
Рано наутро во петок ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди. Но, уште претпладне се очекува постепено зголемување на облачноста, а попладне се очекуваат локални врнежи од дожд. Овие врнежи повеќе се очекуваат во западниот, како и во североисточниот регион. Петок ќе биде уште потопол во однос на четврток. Максималната температура во северниот и западниот регион ќе има вредност од 17°С до 20°С, а на југоисток околу 23°С.
