ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: СНЕГ ИЛИ СОНЦЕ-Какво време не чека деновиве?
Денеска е Стара Нова Година а времето и не е баш погодно.
Северните и западните предели се разбудија со врнежи од дожд, а облачноста ќе продолжи цел ден.
На планините се очекуваат снежни врнежи, а дождот попладне ќе се префрли кон југозапад.
Разведрување се очекува ноќеска.
Што се однесува до температурите, денеска ќе биде потопло од вчера, но со пониска темперарура која ќе се движи во интервал од 7°С до 10°С низ котлините, а на повисоките места максимални 4°С.
Сончев ден ќе ни донесе четврток со слични температури како денешните, додека во петок се очекуваат малку повисоки вредности на температурата која ќе се движи од 9°С до 13°С.
Петок ќе донесе услови за слаб дожд претпладне, а тие во вечерта ќе добијат на интензитет.
Ноќта кон сабота, се очекува врнежите постепено да преминат во снег претежно во северниот крај, а веќе во сабота ќе имаме ниски температури и ќе се разбудиме со снег на пониските места.
