Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Нагло заладување од утре, што не чека на новогодишната ноќ?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Нагло заладување од утре, што не чека на новогодишната ноќ?

Утринава ширум земјава беа измерени минусни температури.

Најстудено беше во Берово каде температурната вредност достигнала  -6 степени.

-5 степени Целзиусови се измерени во Битола, Дебар и Штип а -4 во Струмица и Демир Капија.

Во Скопје и Тетово температурата покажала  -3, Прилеп, Маврово и Кавадарци -2, Крива Паланка и Куманово со -1 и Охрид, Виница, Претор и Лазаропеле со нула степени.

Маглата е застапена низ Скопската котлина , Куманово, Демир Капија и Дебар.

Максималната денешна температура се очекува да се движи од 7, односно 10 во Скопје до 17 степени Целзиусови во Гевгелија.

Нагло заладување на времето се очекува од утре.

Во вечерните часови се можни врнежи од дожд кои во ноќта ќе поминуваат во снег во североисточните делови.

Новогодишната ноќ се препорачува да ја поминете на топло или добро да бидете облечени бидејќи температурата  ќе биде насекаде под 0°С во текот на новогодишната ноќ.

Вредностите на температурите од полноќ па се до утринските часови  во петок ќе се движат  -5°С до -10°С. Постуденто време ќе го почуствувате со студениот слаб ветер .

Слично

Поврзани вести