Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време ни носи викендов?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време ни носи викендов?

Од двата дена од викендот кој што е пред нас, може да се каже дека сабота до некаде ќе има подобри метео услови отколку недела, пишуваат од Метеопро.

Сабота ќе биде пооблачна наутро во западниот регион, а врнежите од ова облачност ќе бидат поизразени во планинскиот дел од споменатиот регион. Врнежи во западниот крај се очекуваат и попладне, но без некој поголем интензитет.

Централниот регион ќе биде релативно сув во текот на денот, услови ќе има за повремено „проврнување“.

Источниот крај позначајни врнежи очекува попладне, односно приквечер. Локално овие врнежи ќе бидат проследени и со грмежи.

Температурата ќе има максимална вредност од 20°С до 23°С долж повардарието и котлините во источниот крај, а во котлините од западниот крај околу 19°С.

 В недела се очекува да биде прилично поврнежливо од сабота, и тоа претпладне поврнежливо во западниот регон, околу пладне во централниот, а на исток врнежите ќе бидат позначајни попладне, односно приквечер.

Недела ќе биде и доста посвежа од сабота. Максималната температура ќе достигне вредности помеѓу 14°С и 17°С во котлините во западниот и северниот регион, а на југоисток околу 18°С.

Слично

Поврзани вести