ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време не чека неделава?
Првата работна недела од 2016 не очекува облачна, врнежлива и потопла недела.
На планините снег, на пониските места дожд.
Денешниот ден ќе биде прилично облачен, со врнежи во вечерните часови претено на истокот и крајниот запад.
На Бадник, среда не очекува облачно и ветровито време, со врнежи од дожд кои ќе бидат најмногу изразени во северните делови.
Четврток, или Божиќ, ќе ни донесе северен ветер и вренежи повеќе во северот на земјата. На повисоките места се очекува пад на температурите и снег.
Петок ќе биде облачен со слаби врнежи од снег исклучиво на планините во западните предели.
Температурата денес ќе се движи од -2°С до 3. Утре ќе биде потопло за околу 2°С, додека четврток и петок минималната температура ќе има вредности во границите од -3°С до 2°С.
Од 5°С и 7°С се очекува денешниот максимумдо 10°Сна југоисток. Среда ќе биде потопла преку ден за околу 2°С а во четврток ќе имаме нов пад на температурата, во северниот регион за околу 3°С, а на југ за околу 2°С. Во петок слично време како во четврток.
