ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време не чека неделава?
Вистинска есен ќе почуствуваме во последните неколку дена од Ноември.
Денеска на места ќе биде суво и влажно со сончеви периоди во крајниот исток, додека на запад и север во текот на вечерта ќе има дождови кои нема да бидат со силен интензитет.
И во текот на утрешниот ден не очекуваат врнежи од дожд во сверниот и западниот регион, каде во среда ќе бидат поинтензивни.
На планинските предели се очекуваат врнежи од снег.
Во вторник во поголем дел од денот се очекуваат повремени врнежи од дожд во северната половина од земјата. Во крајниот западен регион врнежите ќе се интензивираат во вечерните часови.
На југ врнежите се очекуваат во вечерните часови.
И четврток ќе биде облачен ден но без услови за дожд. За вечерта се најавува нов циклон кој ќе бидат поистакнат во петок.
Температурата постепено ќе паѓа па се очекува максималнасо вредност помеѓу 11°С и 14°С. Во среда и четврток не очекуваат пониски за три степени целзиусови.
Во петокот нов пад со максимална темпаратура од 6°С до 9°С.
Сепак наутро се уште температурите нема да се спуштаат под 0°С и покрај тоа што ќе бидат студени.
