ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време не чека денеска?
Саботното утро ќе биде пооблачно и потопло за разлика од петочното. Претпладнето во поголем дел од земјата ќе биде претежно облачно, со тоа што јужната половина од земјата ќе биде пооблачна, пренесува метеопро.
Попладне се очекува слаб локален дожд, во планинските региони на крајниот исток, крајниот запад, како и долж јужната граница.
Во текот на вечерта се очекува поврнежливо да биде во југоисточниот крај, додека во ноќта кон недела врнежите ќе бидат позастапени во северниот регион.Дневниот максимум на температурата ќе има вредност помеѓу 20°С и 22°С во западниот и северниот регион, а на југоисток околу 24°С.
Во Скопје се претежно облачно време. Поголеми изгледи за дожд ќе има во текот на доцна вечерните часови. Максималната температура ќе има вредност околу 21°С.
Слично
