Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ ЗА ОДЛУКА: Утре ќе биде објавен конкурсот за упис на факултетите

ВРЕМЕ ЗА ОДЛУКА: Утре ќе биде објавен конкурсот за упис на факултетите
Конкурсот за упис во високо образование ќе биде објавен  утре во печатените медиуми и на веб-страницата на Министерството за образование и наука, објави министерот Спиро Ристовски. „Информации за критериумите и условите за запишување на студентските програми, за потребните документи, како и за роковите и местото за поднесување на документите по уписни рокови, сите заинтересирани можат да добијат на факултетот каде што сакаат да го продолжат своето образование, односно во конкурсите кои ќе бидат објавени од страна на секој универзитет поединечно“, истакна Ристовски. На петте државни универзитети во земјава предвидени се вкупно 24.196 слободни места за студентите кои ќе се запишаат во прва студиска година, од кои 13.795 за редовни студенти во државна квота, 7.531 за квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите и 2.870 слободни места за вонредни студенти. Министерот Ристовски апелира до матурантите добро да размислат пред да го направат конечниот избор на кој факултет ќе се запишат, потенцирајќи дека техничките и природно- математичките струки се дефицитарни на македонскиот пазар на труд.
Слично

Поврзани вести