Економија, финансии, бизнис

Контакт

Време за дивиденди!!! Што имa на понуда?

Време за дивиденди!!! Што имa на понуда?

Пет компании, од кои две се банки, досега објавија дека ќе делат дивиденда на своите акционери. Банките по укинувањето на рестрикцијата од централната банка, а другите по завршување на акционерските собранија. Соодносот дивиденда/последна пазарна цена кај сите пет е поголем од банкарските каматни стапки за депозити

И покрај тоа што се кризни и непредвидливи времиња македонските компании покажуваат висок степен на корпоративна грижа за своите акционери. Пет компании досега објавија дека ќе делат дивиденда на своите акционери, а од нив две се банки кои во предлог одлуките за претстојните собранија најавија дека во одреден временски рок по укинување на суспензијата од Народната банка ќе поделат дивиденда на своите акционери.

Овие дејствија на компаниите се здрава основа за одржлив пазар на капитал во вакви извонредни услови со кои се соочуваме заради резервираноста во националната економија од непредвиливоста на претстојните случувања кои ги наметнува глобалната ковид пандемија.Реално е да очекуваме дека најавите за дивиденди и конкретни износи можат да резултираат со притисок врз цените на акциите кои носат дивиденда, особено заради тоа што соодносите на дивидендите со пазарните цени покажуваат дека вложувањето во најдобрите акции носи повисок принос во споредба со конкурентните вложувања во орочени депозити во домашните деловни банки.

И дополнително притисокот може да се зголеми ако годинава помал број компании одлучат да делат дивиденда на акционерите заради неизвесноста што на глобално и на национално ниво ја превизвикува корона кризата.

Подолу се износите на нето дивиденда и принос како сооднос од нето износот на дивиденда со последната пазарна цена на акција.



Слично

Поврзани вести