Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ: Студено утро, преку ден чист и сончев саботен ден

ВРЕМЕ: Студено утро, преку ден чист и сончев саботен ден

Времето во сабота ќе биде речиси идентично сo времето кое го имавме во петок. Релативно студено утро и слаба котлинска магла, а преку ден чисто и сончево време. Ведро во текот на целиот ден ќе биде на повисоките места, гевгелискиот и охридско - преспанскиот регион, информираат од метеопро.

Минималната температура ќе има вредност околу -5°С низ котлините, а на повисоките места околу -2°С. Минимална околу 0°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај.

Максималната температура  ќе има вредност околу 7°С низ поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток максималната ќе достигне вредност до 15°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу 10°С.

Во Скопје  се очекува претежно сончево време со услови за појава на слаба магла претпладне и навечер. Минималната температура ќе се „спушти“ до -4°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 6°С.

Слично

Поврзани вести