Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ: Што не очекува на првиот ден од февруари?

ВРЕМЕ: Што не очекува на првиот ден од февруари?

Во недела рано наутро сеуште ќе има врнежи од дожд, а локално на некои пониски места од снег, но истите постепено ќе слабеат. До крајот на претпладнето истите ќе престанат, а попладне ќе има постепено намалување и на облачноста. Повторно ќе биде ветровито, со умерен, а локално на моменти и засилен југозападен ветер, информираат од МЕТЕОПРО.

Минималната температура ќе има вредност околу 3°С низ котлините, до 5°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај, додека на повисоките места минималната ќе се „спушти до -1°С.Максималната температура ќе има вредност околу 10°С низ котлините во земјава. Во котлините од јужниот дел на земјава ќе достигне вредност околу 13°С. На повисоките места во западниот дел од земјата ќе достигне вредност околу 1°С, а во источниот крај околу 7°С.

Во скопската котлина  рано наутро сеуште ќе има врнежи од дожд кои постепено ќе слабеат. Попладне ќе се намалува облачноста, а врнежи ќе нема.  Минималната температура ќе има вредност околу 4°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 11°С.

Слично

Поврзани вести