Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ: Што нè очекува денеска?

ВРЕМЕ: Што нè очекува денеска?

Во оваа прва јануарска сабота во новата 2015 година не очекува мало наоблачување, со покуси сончеви периоди во однос на петок.

Во североисточниот крај како и во повисокиот ден на Полог претпладне е можен слаб и повремен снег.

Околу пладне слаб снег се очекува во реонот околу Кожуф, додека во останатиот дел од земјата ќе преовладува преоменливо време, но без врнежи. .

Утрото ќе биде малку потопло во однос на претходните денови. Минималната температура ќе има вредност околу -8° низ котлините,a на повисоките места таа ќе се спушти до околу -9°С. Минимална околу 0°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај.Максималната температураконечно ќе има позитивна вредност. Истата ќе има вредност околу 3°С низ поголем дел од котлините На југоисток максималната ќе достигне до 6°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу 2°С, инфорнираат од МЕТЕОПРО.

Во скопската котлина се очекува променливо време. Наутро не е исклучена можноста да „провее“ некоја снегулка. Ќе има и повремени сончеви периоди, но пократкотрајни од петокот.

Минималната температура ќе има вредност околу -10°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност само околу 3°С.

 
Слично

Поврзани вести