Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ: Маглата се врати-какво време не чека деновиве?

ВРЕМЕ: Маглата се врати-какво време не чека деновиве?

Непосакуваната магла повторно се врати низ котлините, а расчитување се очекува претпладне.

Сонцето ќе се појави попладне а најниската температура на вредноста денеска ќе достигне -4°С до 0°С низ котлините, односно околу 3°С јужно од Демир Капија.

Максималната пак ќе биде повисока од вчерашната што значи дека за нијанса ќе имаме малку потопло време.

Темературниот максимум ќе се движи од  11°С до 14°С.

Додека гевгелискиот крај очекува температурен шок невообичаен за во јануари, околу 17°С, додека во главниот град се очекуваат максималани 13°С.Викенов најверојатно ќе ни донесе претежно слично време. Магла во утрата, која ќе се губи во текот на пладнето.

На планините и повисоките места останува сончевото време во текот на целиот викенд, затоа ако обожавате планина искористете го времето.

Што се однесува на температурата низ котлините таа ќе има вредности од 7°С до 10°С, на повисоките места помеѓу 3°С и 6°С, а на југоисток околу 13°С.

 
Слично

Поврзани вести