ВРЕМЕ Е ЗА ДИВИДЕНДИ: Акциите се поисплатливи од каматите на депозити!
Податоците покажуваат дека штедачите треба сериозно да се замислат дали да чуваат во банка или барем дел од заштедата да префрлат на берза. Годинава има дивиденди кои значајно надминуваат камати на заштеди. Со оглед на тоа дека каматите ќе паѓаат време е да се размислува за вложувања во акции
Дојде периодот од годината кога традиционално компаниите чии акции се тргуваат на берзата ги објавуваат своите дивиденди во форма на предлози кои ќе се најдат на гласање пред нивните акционери. Досега осум акции што се тргуваат на Официјалниот пазар на нашата берза носат дивиденди на своите сопственици. Очекувано на листата се: Комерцијална банка, Телеком, Македонијатурист и Алкалоид. Тука се и Тетекс и ТТК банка, а годинава и Факом е на листата на добитни акции.
Споредбата на официјалните расположливи податоци што ја направи Фактор.мк покажува дека сите акции носат дивиденди што се конкурентни на каматите што ги нудат нашите деловни банки во „мејнстрим“ понудите за орочени депозити со кои се конкурираат за привлекување штедачи. Дури може да се заклучи дека во поголема мерка акциите на компаниите се подобар избор за принос од каматите што ги нудат банките. Надвор од сите конкуренции е скопската компанија за челични конструкции „Факом“ чија акција носи дивиденда од 31,3 отсто во однос на последната пазарна цена на нејзината акција.
Главна причина за овој сооднос на пазарна цена и принос е тоа што оваа акција нема речиси буквално никаков „фрифлоут“ односно ја нема во понуда на пазарот од проста причина шо еден акционер поседува околу 97 отсто од капиталот. Трансакции речиси и да нема и таа акција речиси и да не се нуди ниту тргува на нашиот пазар на капитал. Од македонските блучипови годинава на ниво се и „Алкалоид“ и „Македонијатурист“ од аспект на тоа што кај тие акции нема промашување и секоја година делат дивиденди на своите акционери. „Алкалоид“ годинава ќе дели нето износ од 207 денари што е помалку од 4 отсто од неговата пазарна цена, а „Македонијатурист“ ќе подели 5 отсто принос од последната пазарна цена односно 186 денари нето по акција.
Во оваа група се и „Македонски телеком“ и „Реплек“ компании што не ги забораваат своите акционери. Телекомот ќе дели 13 денари нето дивиденда што е 4,6 отсто од пазарната цена, а „Реплек“ три години по ред дели едни од најголемите дивиденди. Таа изнесува 2.468 денари што е 6,5 отсто од последната пазарна цена. „Тетекс“ е компанијата што излезе како фаворит од сенка. Годинава е компанијата со најголем принос од сите што досега објавиле, а котираат на подсегментот берзанска котација. Нејзиниот принос е 11,55 отсто од последната пазарна цена и таа е поскаувана акција на нашиот пазар.
Засега нема објави од компаниите од кои се очекува да носат дивиденди, а тоа се пред се „Гранит“ и „НЛБ Тутунска банка“ , а акционерите со нетрпение очекуваат и скопски „Бетон“ да објави дали можби годинава ќе исплати дивиденда на своите акционери како лани кога ги изненади со принос од 1.000 денари за акција.

Слично