Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ Е ЗА БИЗНИС: Австриски компании бараат партнери во Македонија!

ВРЕМЕ Е ЗА БИЗНИС: Австриски компании бараат партнери во Македонија!
Австрија е еден од најзначајните економски партнери на Македонија и се вбројува меѓу водечките инвеститори во Македонија. Приливот на директни инвестиции од Австрија во Македонија изнесува 484,3 милиони евра за периодот од 1997 до 2013 година. Добрата соработка е мотив за компаниите уште повеќе да ги продлабочат релациите. Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на  Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби и презентација на австриски компании од  различни сектори:
  • производство и продажба на индустриски штекери, дозни и приклучоци;
  • производство на турбини, нивно проектирање и монтажа за мали хидроелектрани;
  • производство и продажба на расветни тела;
  • производство и целосни системски решенија за прочистителни станици за вода;
  • производство и продажба на ин-витро дијагностички производи, тестови за детекција на антитела за ХИВ 1&2, сифилис, маларија, денга IgG, нетолерантност на глутен, тестови за плодност и бременост кај жените;
  • производство и продажба на кондиторски производи;производство и продажба на сувомеснати производи;
  • производство и продажба на преработен и конзервиран зеленчук.
Презентацијата и деловните средби ќе се одржат на28 април 2015 година (вторник), со почеток во 12:30 часот, во Стопанската комора на Македонија,  сала 1 на 5-ти кат. Амбасадата и комората ги покануваат заинтересираните да земат учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспостават директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација. Повеќе информации, како и пријавување за учество на настанот ТУКА.
Слично

Поврзани вести