Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ: Денеска жешко, ама и врнежи

ВРЕМЕ: Денеска жешко, ама и врнежи
Првиот ден од Август ни носи прилично жешко време, но и врнежи. Претпладнево ќе биде претежно сончево, додека попладне се очекува развој на облачност, пред се над планините во северниот дел од земјава. Доцна попладне и приквечер се очекуваат врнежи од локален карактер во северниот дел од земјата, а дел од нив ќе продолжат и во вечерните часови. Можно е во текот на ноќта врнежите да прогресираат и во јужната половина од земјата. Температурата ќе достигне над 35°С  во Пелагонија и Полог, а  во охридско - преспанскиот крај од 32°С На североисток и северниот дел на повардарието помеѓу 36°С и 38°С, а на југоисток околу 38°С.
Слично

Поврзани вести