Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ и ФЕД ги намалија вредностите на валутите

ЕЦБ и ФЕД ги намалија вредностите на валутите

Во однос на американската валута курсот на еврото на крајот на тргувањето неделава заврши на 1,3280 долари што значи само минимално зголемување од минатата недела кога изнесуваше 1,3275 долари.

Во однос на јапонската валута, цената еврото се зголеми за 0,7 проценти на 131,35 јени. И доларот во однос на јапонската валута зајакна 0,7 проценти со што неговата вредност достигна 98,95 јени.

Во средата, курсот на еврото се доближи ниво на 1,3300 долари откако американската валута се најде под притисок како резултат на непостоење на нови сигнали дека Централната американската банка ќе го намали влијанието на монетраните стимулативни мерки.

Меѓутоа, во четвртокот цената на  еврото падна под под 1,32 за долар бидејќи Европската централна банка ја задржа својата основна каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 проценти, а нејзиниот претседател Марио Драги, изјави дека постојат ризици од слабеењето на економијата. Во петокот, курсот на еврото повторно навлезе длабоко во областа над 1,3250 долари како резултат на послабите податоци за  за вработеноста во САД отколку што се очекуваше и можноста за промени во монетарната политика на ФЕД.

Слично

Поврзани вести