Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вредноста на риалот нагло падна - кои намирници поскапеа во Иран?

Вредноста на риалот нагло падна - кои намирници поскапеа во Иран?

Иранскиот риал падна на рекордно ниско ниво.

Иранската домашна валута, риалот, денеска падна на рекордно ниско ниво, потребни беа 1,8 милиони риали за еден долар.

Во првите недели од војната што Соединетите Американски Држави(САД) ја почнаа против Иран на 28 февруари, риалот остана стабилен делумно затоа што имаше мала трговија и увоз, но почна да губи вредност пред два дена, објавува Бета. 

Експертите очекуваат инфлација бидејќи голем дел од увезената стока - од храна до лекови, електроника и суровини - е под влијание на девизниот курс во однос на доларот.

Пред неколку месеци, имаше шок врз домашната валута, што во јануари предизвика протести низ целата земја: потоа за помалку од една недела, риалот ослабе од околу 1,4 милиони на 1,6 милиони за долар, продлабочувајќи го гневот на населението поради зголемувањето на цените и зголемените стравови за опстанокот на економијата.

Иранската економија се соочува со децении санкции, хронична инфлација и растечки јаз помеѓу официјалниот девизен курс и пазарниот курс. Војната, која трае неколку недели, дополнително влијае на компаниите, домаќинствата и државните финансии.

Цените на основните производи за домаќинството растеа дури и пред најновиот пад на вредноста на риаалот. Во текот на последните две недели, цените на млекото, јогуртот, маслото, лебот, оризот, сирењето и детергентите се зголемија.

Ова укажува на пошироки инфлаторни притисоци врз економијата поттикнати од неизвесноста поради војната, прекините во снабдувањето, повисоките цени на транспортот и производството и продолженото влијание на американската поморска блокада.

Постојат знаци дека компаниите го намалуваат бројот на работни места поради зголемените трошоци за производство, послабата побарувачка и општата неизвесност. Ваквите вести се ретки, но реформистичкиот весник „Шарг“ објави во понеделник дека 500 работници во Пинак во Рашт и 700 работници во текстилната фабрика Боруџерд се отпуштени од крајот на март.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести