Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вредноста на монетарното злато на Македонија за три месеци се зголеми за 100 милиони евра

Вредноста на монетарното злато на Македонија за три месеци се зголеми за 100 милиони евра

Вредноста на монетарното злато како дел од девизните резерви на Македнија за три месеци се зголемила за 100 милиони евра.

Објавениот извештај за финансиската состјба на Народна банка на 30 септември покажува дека монетарното злато кое го поседува Македнија сега вреди 44,4 милијарди денари, или околу 720 милиони евра. 

Споредбено со крајот на вториот квартал од годинава, неговата вредност изнесувала околу 625 миллиони евра. Златните резерви сега учествуваат со повеќе од 15 отсто во структурата на девизните резерви. 

- Количината на злато во девизните резерви во 2025 година е непроменета. Притоа, растот на вредноста на златото, изразена во паричен износ, во целост се должи на повисоката цена на златото, ни изјавија од централната банка.

Народната банка управува со околу 6,9 тони монетарно злато (односно 221.617 унци) и го одржува количеството на злато на релативно стабилно ниво. За да може активно да се управува со златото со кое располага Народната банка, тоа се чува во странство во златни прачки што ги исполнуваат стандардите на пазарот на злато во Лондон.

Гувернерот Трајко Сллавески летоска истакна дека златните резерви, засега не се на задоволително ниво и дека тој не знае зошто е прекината практиката земјата да не го зголемува износот на монетарното злато.

„Во минатото Нардна банка од рудниците го откупуваше златото и го ставаше во златните резерви. Моментно тие не се на задоволително ниво. Златото барем последната година двојно ја зголеми цената. Секогаш кога настанува некоја несигурност во светот, инвеститорите бегаат во сигурни средства, а едно од нив е златото“, потенцира Славевски.

Тој потсети дека висината на девизните резерви е клучен фактор за одржување на фиксниот девизисен курс кога има нестабилност на светските пазари.

Во структурата на девизните резерви, странските хартии од вредност стануваат на речиси исто ниво како и на крајот од минатата година во висина од 217 милијарди денари, додека депозитите во странска валута како најголема варијабла се намалени од 58 на 28,85 милијарди денари за овој период.

А.К.


Слично

Поврзани вести