Вредноста на етереумот расте, а биткоинот мирува
Вредноста на етереумот порасна за над 5 проценти, а биткоинот е стабилен.
Етереумoт сега чини 2.565 долари, но сепак останува за 40 проценти понизок од својот максимум на почетокот на овој месец, кога вредеше 4.300 долари, пренесува Ројтерс. Утрово во 10 часот е регистриран раст од 4,1 процент и во тоа време изнесуваше 2.495 долари, и продолжува стабилно да расте.
Вредноста на биткоинот сега е 36.837 долари. Биткоинот беше во мирување во последниве денови, откако имаше голем пад од 35 проценти месецов.
foto freepik
Слично
