Вредноста на доларот се намали
Еврото продолжи да расте во текот на утрово во однос на доларот. И британската фунта продолжи да се зголемува во однос на доларот во текот на утрото.
Цените на фјучерсите на американските акции го продолжија растот во текот на претпладнето сигнализирајќи дека цените на акциите ќе растат и четврти ден по ред.
Цената на златото порасна на тромесечниот максимум во текот на денешниот ден затоа што инвеститорите со внимание го очекуваа говорот на претседателката на Фед Janet Yellen за да добијат слика за идните насоки на монетарната политика на американската централна банка.
Цената на суровата нафта во текот на претпладнето осцилираше, задржувајки се во близина на шестонеделниот максимум.
Детална анализа ТУКА
Слично
