Вредноста на доларот потона во однос на јенот
Се намали вредноста на американскиот долар во однос на јапонскиот јен на најниско ниво за повеќе од шест седмици.
Доларот падна на најниско ниво во однос на јенот од средината на јуни на 132,07 јени, што е намалување за повеќе од 5,0 отсто од рекордното високо ниво од скоро 140 јени кое го имаше минатиот месец, пренесува Ројтерс. Еврото е малку променето и се тргува за 1,0235 долари. Австрискиот долар денеска порасна за 0,3 отсто во однос на неговиот американски ривал на 0,7012 американски долари, блиску до највисокото ниво во последните шест недели од 0,7032 американски долари, пред утрешниот состанок на Резервната банка на Австралија, каде се очекува референтната каматна стапка да се зголеми за 50 базични поени на 1,85 отсто.
foto freepik.com/zabawna_art
