Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕДИ: Пресудата на DAB против МЕПСО не е конечна

ВРЕДИ: Пресудата на DAB против МЕПСО не е конечна

Одборот за решавање на спортови DAB пресече –  Инженерската компанијата Енергоинвест од Босна и Херцеговина има прави да бара 6 милиони евра од МЕПСО поради тоа што преносниот систем го прекина договорот со фирмата која требаше да го гради далноводот до Битола до Елбасан. Ова е објавено и на страната на сараевската фирма, но ја пренесоа и медиуми.

Пишува и дека одборот ја отфрлил и тужбата од страна на МЕПСО во висина од 19, 3 милиони евра против Енергоинвест. Во сумата која фирмата може да ја бара од преносниот систем е пресметана и камата.

На оваа вест реагираа и од ДУИ во контекст на доаѓа дека директорот на МЕПСО доаѓа од редовите на ВРЕДИ, а од коалицијата пак денеска возвратија дека пресудата не е конечна и дека „интегративците“ манипулираат со јавноста.

„Обидот на ДУИ да ја претстави постапката пред DAB како конечна пресуда е груба манипулација. Станува збор за предарбитражен механизам, кој не претставува правосилна одлука и каде државата има целосно право да ги искористи сите правни средства.

Во меѓувреме, новиот тендер го добива конзорциум предводен од Dalekovod d.d., компанија од групацијата KONČAR Group, со искуство во десетици европски држави и работа со најстрогите стандарди.

ДУИ ја плаши тоа што конечно се гледа дека се гради. Проектот кој тие го држеа „мртов“ со години, денес се движи и ќе биде реализиран.

ДУИ не изгради ниту едно сериозно инфраструктурно или енергетско поврзување со Албанија или Косово. Сите проекти беа блокирани, одложувани и закочени.

Затоа нивната денешна реакција не е загриженост за граѓаните, туку паника од тоа што се менува реалноста. ДУИ се дели и распаѓа, додека Вреди се обединува и расте“, соопшти ВРЕДИ.

Пред крајот на 2024 година МЕПСО одлучи да го раскине договорот со Енергоинвест ДОО Сараево Босна и Херцеговина, кој требаше да го гради 400 киловолтен  далекувод од Битола до македонско – албанска граница.


Слично

Поврзани вести