Врдољак: Спорните корнишони се изолиран случај
Проблемот со извозот на спорните корнишони во Хрватска е изолиран случај и тоа не може да биде слика за имиџот на целата држава, порача денеска од Скопје, хрватскиот министер за економија, Иван Врдољак.
Според него, соработката меѓу Македонија и Хрвтаска и натаму ќе продолжи, а овој спорен извоз нема да има никакво влијание врз тоа.
- Не луѓе, ние мора да се уозбилиме и поединечните случаи не може да ги сметаме како став на земјата или трендови на политиката или на индустријата. Ако има некој инцидент, за кој инспекциите или други служби ќе приметат дека не е во склад со некакви стандарди, тоа се корегира. Но, не смее тоа да биде порака за целата индустрија, ниту пак за соработката меѓу двете земји. Јас особено ќе се потрудам, било кои поединечни инциденти да не бидат трендови. Но, сепак мора да ги почитуваме почитуваме повисоките стандарди, па дури и Хрватска мора да почитува повисоки стандарди, отколку што сме ги имале пред влезот во ЕУ. Но нема последици врз увозот на македонските производи во Хрватска - изјави Иван Врдољак, министер за економија на Хрватска по денешната средба со неговиот македонски колега во Скопје.
Слично
