Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вранишковски ги исполнил законските услови за примена на условен отпуст

Вранишковски ги исполнил законските услови за примена на условен отпуст

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска се произнесе за случајот со Јован Вранишковски кој што е правосилно осуден на единствена затворска казна од пет години и пет месеци.

Според обвинителство Вранишковски досега издржал вкупно 36 месеци затвор, што значи дека издржал половина од затворската казна на која што е правосилно осуден, а за време на издржувањето од обвинителството велат дека се однесувал примерно и го почитувал куќниот ред  во затворот, при што ги извршувал и работните обврски, со што се заклучува дека целта на неговото казнување е постигната.

Имено од Вранишковски со правосилна пресуда конфискувана е во корист на оштетената Македонска Православна Црква непосредната и посредната имотна корист која била прибавена со кривичното дело на осудениот. И тоа конфискувани му се вкупно 4 940 400 денари, а од друга страна во корист на оштетената Македонска Православна Црква конфискуван е и недвижен имот – земјиште во м.в. Голема нива, запишано во имотен лист  во К.П Нерези со површина од вкупно 4859 м2, велат од Обвинителството.

Од обвинителството посочуваат дека осудениот издржал повеќе од половина од затворската казна на која е правосилно осуден, а штетата која била причинета со дејството на Јован Вранишковски за која е правосилно осуден е надоместена и оти сметаат дека Вранишковски ги исполнил законските услови за примена на условен отпуст.

Слично

Поврзани вести