Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вранец Класик на винаријата Cтоби ќе се продава на канадскиот пазар

Вранец Класик на винаријата Cтоби ќе се продава на канадскиот пазар
Виното на македонската винарија Cтоби, ќе се продава на канадскиот пазар, информираат од компанијата. Винаријата, која беше спонзор на настанот во организација на Македонија 2025 на коктелот во Торонто, на кој присуствуваа повеќе од 60 македонски и канадски бизнисмени, го искористи својот престој во Канада за договор со специјализираниот увозник за висококвалитетни вина United Stars Canada. „Овој деловен престој во Канада беше од големо значење за нашата винарија и за промоцијата на нашите вина на истиот.Пласирањето на Вранец Класик во LCBO (Liquor Control Board of Ontario) е огромен предизвик за нашата компанија затоа што значи ширење и претставување на нашите производи на еден голем пазар како што е канадскиот, на кој владее исклучително голема конкуренција кога станува збор за висококвалитетни вина. Овој чекор е и голем напредок, кој го заокружува неколкугодишното вложување и инвестирање во работата и во обезбедувањето на најсовремени производствени капацитети во нашата винарија“ – изјави Јадранка Клариќ – Кимовска, комерцијален директор на Винарија Стоби. Винарија Стоби, за релативно краток временски период успеа, освен на домашниот, да се пробие и на странските пазари со пласман на своите вина во поголемите земји како што се САД, Холандија, Чешка, Словенија, Србија, Германија Русија и Бугарија.
Слично

Поврзани вести