Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАЌАЊЕ НА ВОЕНИОТ РОК, НОВИОТ МИНИСТЕР ПРЕДЛАГА НОВ МОДЕЛ - еве која соседна држава сака да стави крај на „неспособните млади генерации“

ВРАЌАЊЕ НА ВОЕНИОТ РОК, НОВИОТ МИНИСТЕР ПРЕДЛАГА НОВ МОДЕЛ - еве која соседна држава сака да стави крај на „неспособните млади генерации“

Министерот за одбрана на Србија се смени, но не и идејата на државата да го врати задолжителниот воен рок. И новиот министер за одбрана Милош Вучевиќ се залага сите полнолетни мажи да имаат воена обука, како што вели, три недели или три месеци и најави можност оние над 30 години кои не служеле војска „да се задолжат со пушка“. Аналитичарите оценуваат дека враќањето на задолжителниот воен рок е неопходно за соодветно да се надополни пасивната воена резерва.

Уште од укинувањето на задолжителниот воен рок на почетокот на 2011 година во таа земја, одвреме-навреме се слушаа идеи за враќање на „задолжителната војска“, но во последните две години официјалните лица почнаа сè поконкретно да ја најавуваат таквата можност.

На крајот на 2020 година јавна дискусија за тоа покрена и претходниот министер за одбрана Небојша Стефановиќ, а новиот вицепремиер Вучевиќ оди по стапките на идејата дека е неопходен задолжителен воен рок.

- Очекуваме стручна расправа во врска со враќањето на воениот рок. Јас сум како татко на два сина за враќање на воениот рок. Ќе видиме дали воениот рок ќе биде отслужен три недели или три месеци - изјави Вучевиќ во програмата „Јасно како дан“ на авторката Ивана Мастиловиќ Јасниќ на ТВ Блиц.

Како што нагласи, позитивниот однос кон воведувањето на воениот рок се заснова на објективни анализи и факти.

- Јас самиот отслужив воен рок. Се разбира, веќе не зборуваме за воен рок од 12 месеци. Во Косово бев десет и пол, 11 месеци. Но, мислам дека треба да го вратиме воениот рок, дали е тоа три недели или три месеци, или некој друг период, но апсолутно да - рече Вучевиќ.

„Имаме луѓе кои не знаат да облечат униформа“

Новиот министер за одбрана апострофира дека со повторното воведување на воениот рок треба да се обучуваат новите генерации, Вучевиќ објаснува дека враќањето на воениот рок има за цел „да ги обучи следните генерации да дејствуваат во кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни“.

- Се чувствуваме непријатно кога имаме поплава или пожар, а не знаеме како да реагираме. Кога зборуваме за враќање на воениот рок, не зборуваме за војување, туку за тоа дека армијата е во служба на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти - објасни Вучевиќ.

Вицепремиерот смета дека имаме воено „неспособни генерации“ кои не знаат како правилно да постапат во моменти на криза.

- Имаме луѓе кои не знаат да ги облечат униформите. Имаме неспособни генерации кои не знаат што да прават во критични ситуации - потенцира Вучевиќ.

„Кога има проблеми, сите гледаме кон небото или кон војската“

Како што потсети, „кога има поплави, пожари, земјотреси, ѓубре... сите гледаме во небо или во војска“.

- И сега создаваме 10-12 генерации кои ништо не знаат. Не знаат да облечат униформа! И ние се уште сме горди на тоа! Претпоставувам дека треба да бидеме безрбетни и слаби, а потоа ќе бидеме идеална нација?! Не мислам дека духот на демократијата е да има неспособни генерации, неспособни да одговорат на овие предизвици - заклучи Вучевиќ.

Новиот министер за одбрана смета дека воена обука треба да поминат и постарите генерации над 30 години кои не служеле војска.

- За нив периодот на тренинзи е пократок од три недели - рече Вучевиќ.

Слично

Поврзани вести