Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРАЧЕНИ МУ СЕ ДВЕ КАЗНИ: Приведен е српски политичар на Косово

ВРАЧЕНИ МУ СЕ ДВЕ КАЗНИ: Приведен е српски политичар на Косово

Приведен е српски политичар на Косово, кој возел нерегистрирано возило и одбивал полициска наредба.

Станува збор за претседателот на новоформираната партија Српска демократија, Александар Арсениејвиќ. Тој е приведен денеска накратко во Звечан во северно Косово.

Информацијата во изјава за агенцијата КосоваПрес ја потврди и заменикот директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани. 

„Српскиот политичар и пропагатор“, како што го нарекува приштинската новинска агенција, е приведен затоа што возел нерегистрирано возило и не се одзвал на полициска наредба.

Врачени се две казни – една за неспроведување на наредбата на полицаецот и втората за немање регистрација на возилото. Одземени му се регистерските таблички и тој е пуштен на слобода. 

Српска демократија (СД) го оцени апсењето на нејзиниот лидер како политички притисок врз партијата и најави кривични пријави против одговорните. Тие ќе поднесат пријави за одговорните лица. 

Слично

Поврзани вести